Достапни линкови

logo-print

Мајсторите и куќните помошнички нема да се казнуваат


Ако повикате мајстор, роднина, сосед или чистачка за ситни поправки и чистењето по дома, нема да се казнува, предвидува предлог законот за забрана за вршење нерегистрирана дејност. Според министерот за труд Диме Спадов, законот треба да го спречи вршењето нерегистрирани дејности од поголем обем, а не ги опфаќа пазарџиите, работата за сопствени потреби, соседската помош, семејната помош, работата во итни и вонредни ситуации, како и работата и услугите во домаќинствата. За предлог законот денеска во Сојузот на синдикатите на Македонија беше организирана јавна расправа.

Законот треба да ги опфати поголемите неплаќачи на даноци и социјални придонеси, кои индиректно вработуваат други работници за кои не плаќаат никакви давачки, не се осигурани. Според Државниот завод за статистика околу 152 илјади луѓе се неформално вработени.

XS
SM
MD
LG