Достапни линкови

Русија - почитување, не е исто со признавање на изборите во источна Украина


Источна Украина.

Источна Украина.

Помошникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, денеска рече дека не е исто да се почитува волјата на гласачите во источна Украина и да се признаат изборите. Тој вели дека во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија на 3 ноември, се наведува дека Москва ја почитува волјата на жителите кои гласаа на изборите. Но запрашан дали тоа значи признавање на изборите, тој одговори дека не, оти тоа се различни зборови, а зборот почитување е избран намерно. Тој вели дека Русија и понатаму останува посветена на почитување на мировниот договор потпишан на 5 септември. Ушаков изјави и дека нема конкретен план за средба меѓу Путин и американскиот претседател Барак Обама за време на претстојниот самит во Азија, но дека ќе имаат можност за средба.

XS
SM
MD
LG