Достапни линкови

logo-print

Лавров и Кери ќе се сретнат во Пекинг


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери ќе разговараат утре во Пекинг, јавуваат руските новински агенции, цитирајќи извор од руското Министерство за надворешни работи. Таму следната недела се одржува Самитот на Азиско-пацифичката економска заедница. Лавров и Кери претходно се сретнаа во Париз на 14 октомври на разговори за кризата во Украина. Ситуацијата во источна Укриана се очекува да биде тема на дискусија и на Самитот во Пекинг.

XS
SM
MD
LG