Достапни линкови

МВР не открива дали му е позната т.н „Национална Ослободителна Армија“


Министерството за внатрешни работи во врска со инцидентот кај Владата ги презема сите неопходни мерки и активности за обезбедување на соодветни докази во натамошната постапка и пред сè за откривање на идентитетот на сторителите, нивно лишување од слобода и изведување пред лицето на правдата. Ова е одговорот од МВР откако таканаречената „Национална ослободителна армија“ денеска, преку соопштение испратено до телевизијата Алсат-М, ја презеде одговорноста за истрелите врз зградата на Владата пред десет дена. Портпаролот на министерството, Иво Котевски, не открива дали на полицијата досега и била позната групација со вакво име. Постоењето на оваа група и автентичноста на соопштението не може да се потврди од независни извори. Инцидентот всушност се случи минатиот вторник кога два куршуми завршија во фасадата на зградата на Владата во Скопје.

XS
SM
MD
LG