Достапни линкови

Вредноста на рубљата и понатаму паѓа


Руската рубља денеска падна на ново рекордно најниско ниво во однос на доларот и еврото. Американскиот долар на почетокот од тргувањето на Московската берза се менувал за 48 рубљи, а еврото за 59,4 рубљи. Рубљата загуби околу 25 отсто од својата вредност оваа година во однос на доларот и еврото и покрај редовните интервенција од страна на руската централна банка. Одлуката на банката од 5 ноември да ја ограничи својата интервенција до 350 милиони долари дневно доведе до поостар пад на вредноста на рубљата. Руската валута е погодена од намалувањето на цените на нафтата и западните санкции против Русија поради нејзината улога во кризата во Украина.

XS
SM
MD
LG