Достапни линкови

За Германија балканските земји се безбедни држави


Во Германија стапи во сила законот со кој повеќе земји од Западен Балкан се прогласени за безбедни држави со што се олеснува протерувањето азиланти. Барањата за добивање азил од граѓани на Македонија, Босна и Херцеговина и Србија сега ќе бидат брзо решавани. „Доколку сакаме нашата хуманитарна одговорност трајно да ја исполнуваме и да се погрижиме на оние на кои не им е потребна заштита да им го укинеме престојот во Германија што е можно побргу“, изјави германскиот министер за надворешни работи Томас де Мезиер.

XS
SM
MD
LG