Достапни линкови

logo-print

САД: забрана за истополни бракови


Федерален апелациски суд во Соединетите држави за прв пат реши да ја задржи забраната на истополни бракови, одлука која е против актуелниот тренд и за која сега треба да решава Врховниот суд. Во пресудата се наведува дека американскиот Устав не им забранува на државите да го дефинираат бракот како заедница меѓу маж и жена и затоа судот не може да решава за ова прашање. Апелациониот суд ги покрива државите Мичиген, Охајо, Тенеси и Кентаки. Американските судови во последно време донесуваа одлуки во полза на истополните бракови. Тие се дозволени во 32 американски држави.

XS
SM
MD
LG