Достапни линкови

АРМ го продолжува учеството во Авганистан


Претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал Кнуд Бартелс во официјална посета на АРМ и Република Македонија. Средба со началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал Кнуд Бартелс во официјална посета на АРМ и Република Македонија. Средба со началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

Македонската армија ќе продолжи да учествува во пост-ИСАФ мисијата во Авганистан, наречена „Одлучна поддршка“.

Продолжувањето на македонската партиципација во пост-ИСАФ мисијата во Авганистан, наречена „Одлучна поддршка“, како и достигнувањата на АРМ во однос на нашето настојување за членство во НАТО и процесот на трансформација на армијата беа теми на денешните разговори во Министерството за одбрана со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс.

Нашата соработка, се разбира, ќе продолжи во 2015 година со вашето учество во мисијата „Одлучна поддршка“. Исто така ќе продолжиме да имаме соработка во рамките на вежбите коишто сме ги воспоставиле.

НАТО придава голема важност дека Македонија даде поддршка на мисијата „Одлучна поддршка“, која треба да започне наредната година, рече генерал Бартелс, кој го поздрави придонесот што Македонија го дава преку операциите и активната улога во регионалната соработка.

„Нашата соработка, се разбира, ќе продолжи во 2015 година со вашето учество во мисијата „Одлучна поддршка“. Исто така ќе продолжиме да имаме соработка во рамките на вежбите коишто сме ги воспоставиле. Се разбира ќе формираме и нови видови на соработка во рамки на воените перспективи“, рече Бартелс.

Ќе продолжиме со поддршка и учество во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Што се однесува до декларираните единици, АРМ можеби го направи најголемиот исчекор во регионот, дури и во однос на некои членки на НАТО.

Кнуд Бартелс, кој престојува во дводневна официјална посета на Македонија, исто така ја пофали и професионалната работа на војниците што се застапени во мисиите во Авганистан и оцени дека воените и безбедносните реформи се успешни.

„НАТО знае дека има една силна поддршка во оваа земја за евроатлантските интеграции. Исто така јас го увидов напредокот во поглед на реорганизацијата на вашите вооружени сили и исто така од клучна важност е да продолжиме, да ја задржиме оваа динамика на реформски процеси“, рече Бартелс.

Според првиот човек на македонската армија, генерал Горанчо Котески, генерално земено, бројот на сили во Авганистан на АРМ ќе се намали во идниот период од сегашното учество од 135 војници по контингент. Но, тој не прецизира во бројки колку војници ќе бидат присутни во Авганистан од јануари идната година. На денешниот состанок, началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески го информирал генерал Бартлес и за реформските процеси во армијата. Тој изразил очекување дека нашите резултати соодветно ќе бидат вреднувани во врска со членството на Македонија во НАТО.

„Ќе продолжиме со поддршка и учество во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Што се однесува до декларираните единици, АРМ можеби го направи најголемиот исчекор во регионот, дури и во однос на некои членки на НАТО. Ние имаме декларирана единица која има сертификат и е сертифицирана од НАТО алијансата за следните три години. Се работи за единица која во својот состав има околу 1.200 припадници“, рече Котески.

Македонија го започна своето учество во НАТО предводената операција ИСАФ во август 2002 година. Досега во мировни операции предводени од НАТО Македонија имаше три илјади припадници на АРМ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG