Достапни линкови

Рама ќе ги посети и Белград и Прешево


Од кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, официјално е потврдено дека тој на 10 ноември ќе ја посети Србија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во рамките на дводневната посета, освен престојот во Белград и средбите таму, како и учеството на српско-албанскиот економски форум, тој ќе го посети и јужниот српски град Прешево, каде што концентрацијата на припадниците на албанското малцинство е голема.

Најпрво посетата беше најавена за февруари годинава, но беше одложена поради изборите во Србија, а потоа на 22 септември, но и тогаш се одложи, поради инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија.

Рама ќе биде прв премиер на Република Албанија кој ќе го посети Белград по посетата на Енвер Хоџа во далечната 1946 година.

XS
SM
MD
LG