Достапни линкови

Киев ја обвини Русија за ново военото организирање на границата


Киев ја обвини Русија за ново военото организирање на границата меѓу двете земји. Од Советот за безбедност на Украина денеска соопштуваат дека 60 необележани оклопни возила, меѓу кои и тенквои се преместени близи границата, во регионот Ростов. Украинската влада ги негира наводите на про-руските сепаратисти дека укрианските власти лансирале нова офанзива во источна Украина. Воениот портпарол вели дека тие го почитуваат договорот за прекин на огнот потпишан на 5 септември. Министерството за одбрана на самопрогласената Република Доњецк соопшти дека украинската војска спроведува напад во областа Кировски.
Руското Министерство за надворешни работи го обвини Киев дека го кршат прекинот на огнот со наводната офанзива.

XS
SM
MD
LG