Достапни линкови

logo-print

САД бара Косово да ја реши политичката криза


Американската амбасадорка во Косово Трејси Џејкобсон.

Американската амбасадорка во Косово Трејси Џејкобсон.

Американската амбасадорка во Косово Трејси Џејкобсон им порача на политичките лидери да стават крај на петмесечниот политички ќор-сокак. Таа денеска обракајќи им се на албански им порача да не ја зезнат работата, мислејќи на тековните преговори помеѓу политичките лидери на Косово за формирање влада по изборите во јуни. Партијата на премиерот Хашим Тачи победи на изборите, но нема мнозинство, а опозициските партии одбиваат да соработуваат со него. Доколку нема договор, можни се нови избори, а тоа нема да биде добра опција, рече амбасадорката.

XS
SM
MD
LG