Достапни линкови

logo-print

Масовни протести во Брисел против мерките за штедење


Белгиската полиција за спречување безредија употреби солзавец и водени топови за време на судирите со демонстрантите во Брисел. Најмалку 100 илјади луѓе протестираа денеска во главниот град, против владините реформи за слободен пазар и мерките за штедење, кои, според демонстрантите, ги поткопуваат принципите на Белгија, како социјална држава.

Демонстрантите танцуваа качени врз превртени автомобили, фрлаа камења, пукаа петарди. Поради протестот беше органичен јавниот превоз, и делумно го парализираа градот во кој во меѓувреме се одржува состанок на министрите за финансии од еврозоната. Со масовните протести започна кампања на белгиските синдикати против владата, а ќе се заокружи со национален штрајк на 15 декември.

XS
SM
MD
LG