Достапни линкови

Средба Котевски - Бартелс во Скопје


Началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

Началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

Армијата на Република Македонија својата соработка и лојалноста кон НАТО ја искажува, меѓу останатото, и со извршувањето на мировните операции кои се предводени од Алијансата. Досега околу 3.000 припaдници на АРМ учествувале во мисиите предводени од НАТО. Тоа е доволен знак за нашата поддршка кон мирот, стабилноста, како во регионот, така и пошироко, изјави денеска началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески, по средбата со претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс. Котевски вели дека го поставил прашањето за лично ангажирање на генерал Бартелс и на Воениот комитет и неговото влијание кон политичкиот дел на НАТО во однос на членство на Македонија. Генералот Бартелс изјави дека вратата на НАТО останува отворена за сите европски демократски земји коишто ги споделуваат вредностите на Алијансата и кои се во состојба да ги преземат одговорностите што произлегуваат од членството.

XS
SM
MD
LG