Достапни линкови

Загадениот воздух причина за порастот на малигни заболувања во Битола


Неделно во Битола има по два пацинети заболени од белодробен карцином. Дневно во југозападниот регион се откриваат по пет до шест новозаболени лица од рак, велат лекарите.

Бројот на заболени од малигни болести во Битола расте, а една од главните причини е токму загадениот воздух. Вакви сомнежи, на темата која со години беше премолчувана, јавно изнесоа членовите на здружението „За нас се работи“ кои деновиве организираа протести против енормното загадување на воздухот. Повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје за 2012 година претставникот на здружението, Горан Пинза, соопшти дека во градот годишно има повеќе умрени од новорoдени жители.

Најмногу не боли морталитетот. Во Битола во 2012-та имало стапка на природен прираст од минус 444, родени околу 760 лица, а починати повеќе од 1.200 лица. Трет причинител за смртноста се малигните болести.

„Најмногу не боли морталитетот. Во Битола во 2012-та имало стапка на природен прираст од минус 444, родени околу 760 лица, а починати повеќе од 1.200 лица. Трет причинител за смртноста се малигните болести. По некоја слободна проценка тоа се 260 починати од канцер во 2012 година или приближно еден дневно. Тоа е ненормално“, изјави Пинза.

Податоците од други релевантни фактори, пред се лекари покажуваат дека неделно во Битола има по два пацинети заболени од белодробен карцином. Дневно во југозападниот регион се откриваат по пет до шест новозаболени лица од рак.

Ова ќе придонесе да проработи свеста кај луѓето зашто за нас се работи. Тоа е паролата. Тука нема партиска поделеност, воздухот го дишиме сите.

Битолчани кои деновиве протестираа против загадениот воздух сметаат дека свеста кај граѓаните проработи да побараат подобри услови за живот.

„Ова ќе придонесе да проработи свеста кај луѓето зашто за нас се работи. Тоа е паролата. Тука нема партиска поделеност, воздухот го дишиме сите.“

„Мислам дека ништо нема да се смени со оваа власт. “

„Треба да се подигне свеста кај граѓаните и одговорноста кај надлежните во градот. Да се стигни до целта. Треба да се променат работите, но дали ќе се успее ќе видиме понатаму.“

Доколку до крајот на неделата надлежните јавно не кажат какви мерки ќе преземат и во кои рокови, од здружението „За нас се работи“ велат дека ќе ги радикализираат чекорите се додека загадувањето на воздухот во градот не биде во нормала. Според податоците од мерната страница во градот битолчани подолго време дишат воздух загаден со ситна прашина.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG