Достапни линкови

Шефот на мисијата на ОН против ебола бара помош


Шефот на мисијата на ОН за сузбивање на еболата, Тони Бенбери, денеска соопшти дека на мисијата и недостигаат средства, пренесе Би-Би-Си. Тој вели дека итно им е потреба помош, и покрај тоа што Велика Британија, Кина, Куба и САД дале голем придонес. Тој се надева дека ќе биде исполнет планот според кој до декември ќе бидат обезбедени 70 отсо од креветите за нови случаи и 70 отсто од потребните средства за безбедно погребување. Според податоците на Светската здравствена организација, еболата досега однела 4.818 човечки животи.

XS
SM
MD
LG