Достапни линкови

Дневен печат - Доказите на Заев и загадувањето


Доказите на Заев за Груевски, загадувањето, депресијата, се дел од темите за кои пишуваат весниците.

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, повторно со изјави за поседување некакви докази против Груевски: на трибината во Битола тој изјавил дека премиерот ќе морал да поднесе оставка во рок од три дена, а Македонија „ќе треба да се срами од доказите зашто се сензитивни и допираат до меѓуетничките односи“.

Заев убедува дека се единствени во бојкотот, но се гледаат напукнувања.
Дневник.

За ова, под наслов „Доколку со доказите не го урнеме Груевски, ќе поднесеме оставки!“ информира Нова Македонија. Инаку, „Опозицијата не се враќа во Парламентот“, оди со наслов Утрински, известувајќи за состанокот на Заев со Жерновски и Тито Петковски, на кој се разговарало и за незадоволството на неколкумина пратеници од опозициската коалиција, кои срамежливо најавуваат враќање во Собранието. Вечер го цитира Заев: „Опозицијата не се враќа во Парламентот. СДСМ почнува со јавни трибини кои ќе бидат организирани во 16 градови“. Дневник како да се сомнева: „Заев убедува дека се единствени во бојкотот, но се гледаат напукнувања“.

Утрински и Вечер, врз основа на изјавата на Земри Ќамили, заменик министер за внатрешни работи, дадена за порталот Журнал, пишуваат: Утрински - „Во Тетово забележани лица во црни униформи кои легитимирале и им се заканувале на граѓани“. Вечер - „Не се Илирида, ама се во црни униформи и легитимираат во Тетовско“.

Македонија загуби уште еден случај пред Стразбур - за предмет во врска со денационализација и невоедначена судска пракса, при што е утврдено дека македонските судови за едни се мајка, за други маќеа.
Утрински весник.

„Македонија загуби уште еден случај пред Стразбур - за предмет во врска со денационализација и невоедначена судска пракса, при што е утврдено дека македонските судови за едни се мајка, за други маќеа“, објави Утрински.

Во истиот весник читаме дека „И без Макстил, воздухот во Скопје е загаден“. Вечер смирува дека „Отровни лимони не стигнале во Македонија?!“, повикувајќи се на Царината која тврдела дека за сите пратки имаат одобренија од Агенцијата за храна. Звучи навистина алармантно насловот во Вечер: „Алармантно: Депресијата царува, секој втор Македонец пие Дијазепам!“ А Србија решила да штеди - Утрински информира дека „Во Србија се намалени платите на претседателот на државата и на пратениците за 10%“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG