Достапни линкови

Пакистански полицаец убил човек обвинет за богохулие


Пакистански полицаец убил човек обвинет за богохулие. Официјални претставници соопштија дека убиениот Туфаил Хајдар бил уапсен вчера во градот Гуџрат во источната провинција Пенџаб поради навредливи забелешки за придружниците на пророкот Мухамед. Полицискиот инспектор Фараз Навид утринава го удрил уапсениот со секира, откако тој продолжил со навредите, соопшти полицијата. Тие рекоа дека убиецот е уапсен и е отворена постапка против него. Убиениот Хајдар бил припадник на шиитското малцинство во земјата. Богохулието е многу чувствителна тема во доминантно сунитскиот Пакистан, каде што често се случува дури и недокажани обвиненија за богохулие да предизвикаат насилство од толпа луѓе. Неколку христијани вчера беа линчувани во провинцијата Пенџаб, откако беа обвинети за сквернавење на Коранот. Активистите за човекови права бараат од Пакистан да ги укине законите за богохулие со образложение дека таквите обвиненија често се користат при лични спорови.

XS
SM
MD
LG