Достапни линкови

logo-print

Берлин не може да и нареди на Атина да се реши името


Германија не може да и нареди на Грција да го реши спорот за името, изјавил германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, на конференцијата на институтот Аспен во Берлин.

„Ние од различни страни го поддржуваме меѓународното посредништво да се изнајде решение во оваа „борба“ меѓу Грција и Македонија. Ако сме присилени да најдеме оддржливо решение за економската ситуација во Грција, треба да се најде и пат за решавање и на другите прашања. Но, не верувајте во изјавите за можниот успех во текот на наредниве две или четири седмици. Ни треба време и понекогаш поголема одговорност во земјите членки. Ние немаме шанса да наредиме, да наметнеме некакви решенија во ЕУ“, изјавил министерот Штајнмаер, пренесува Дојче Веле на македонски јазик,

XS
SM
MD
LG