Достапни линкови

Израел нема да одговара за нападот на флотилата за Газа


Меѓународниот кривичен суд денеска соопшти дека нема да го гони Израел за смртонсониот напад врз флотила која носеше помош за Газа во 2010 година. Главниот обвинител на меѓународниот суд изјави дека има разумна основа да се верува дека е извршено воено злосторство врз еден од бродовите - Мави Мармара, но дека Судот треба да даде приоритет на воените злосторства извршени во голем обем и затоа нема да отвори случај за Израел. Флотилата составена од шест бродови носеше помош за Газа и се обиде да ја прекрши блокадата на палестинската територија, по што изрелски командоси ги нападнаа бродовите при што беа убиени девет луѓе.

XS
SM
MD
LG