Достапни линкови

РФМ апелира да се реши кризата во Металург


Ракометната федерација на Македонија изрази загриженост од збиднувањата во РК Металург и смета дека проблемите во таборот на македонскиот шампион имаат директно влијание и на македонскиот ракомет воопшто. Во списокот на ракометари на РК Металург кои штрајкуваат се наоѓаат и 13 претставници на македонскиот национален тим. Од федерацијата апелираат ситуацијата што поскоро да биде решена во интерес и на клубот и на репрезентацијата. Ракометарите на Металург штрајкуваат и одбиваат да заиграат за тимот, се додека не им бидат исплатени заостанатите плати.

XS
SM
MD
LG