Достапни линкови

НАТО ќе продолжи да го поддржува Авганистан


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на посетата на Кабул вети дека Алијансата ќе продолжи да го поддржува Авганистан и откако сите странски војници ќе се повлечат до крајот на годината. Тој изјави дека во 2015 година НАТО ќе отвори ново поглавје во кој иднината на Авганистан ќе биде во рацете на авганистанскиот народ. Генералниот секретар на НАТО рече дека во земјата ќе останат 12.500 војници кои ќе им помагаат и ќе ги обучуваат авганистанските сили. Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани изјави дека на земјата и требаат финансиски и материјални ресурси за вооружените сили. Војници на НАТО ги обучуваат авганистанските безбедносни сили веќе 13 години.

XS
SM
MD
LG