Достапни линкови

logo-print

Обезбедена нафта за струшките училишта, од утре настава


Основното училиште Јосип Броз Тито од Струга.

Основното училиште Јосип Броз Тито од Струга.

Учениците од струшкото училиште „Јосип Броз Тито“ од утре ќе продолжат со настава, откако е обезбедена нафта за греење на училниците. Наставата беше во прекин, затоа што родителите решија да не ги пуштаат децата на школо оти нема греење. Околу десет тони нафта претпладнето се испорачани во Централното основно училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, а дел од неа, во текот на денот ќе биде испорачана и во подрачните паралелки во селата Враништа и Мислешево.

Во училиштето „Јосип Броз Тито“ во Струга, како и во подрачните објекти во Мислешево и Враништа, учат околу 800 ученици.

XS
SM
MD
LG