Достапни линкови

Полска се подготвува на конфронтација со Русија


Полскиот претседател Бронислав Коморовски

Полскиот претседател Бронислав Коморовски

Полскиот претседател Бронислав Коморовски го потпиша законот за новата стратегија на националната одбрана која се однесува на интензивната политика на конфронтација со Русија и на заканите по регионалната безбедност од конфликтот во Украина. Со новата стратегија се заменува планот усвоен во 2007 година. Во документот се оценува дека Русија станала негативен фактор за регионалната безбедност, бидејќи има намера да ја обнови својата моќ во нејзиното опкружување. Претседателот Коморовски изјави дека зацврстувањето на полската одбрана од руските закани ќе придонесе и за подобрување на одбранбените можности на НАТО.

XS
SM
MD
LG