Достапни линкови

logo-print

Истрага за перење пари против близок соработник на Путин


Генадиј Тимченко

Генадиј Тимченко

Весникот „Вол стрит Џурнал“ пишува дека американските власти водат истрага за перење пари против близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за рускиот милијардер Генадиј Тимченко кој наводно преку американскиот финансиски систем изршил трансфер на пари поврзани со сомнителни корупциски зделки во Русија. Тимченко тоа го сторил преку неговата фирма за продажба на нафта во Женева. Тој беше меѓу првите најмоќни бизнисмени во блиското опкружување на Путин погоден од американските санкции воведени во март годинава откако Русија го анектира украинскиот полуостров Крим.

XS
SM
MD
LG