Достапни линкови

logo-print

Без Русија на нуклеарниот самит во Вашингтон


Русија нема да учествува во подготовките на нуклеарниот самит во Вашингтон во 2016 година , бидејќи, како што соопшти руското министерство за надворешни работи, собирот немало никаква цел. Во соопштението се прецизира дека поранешните самити ги исполниле дадените цели и оти новиот состанок не може да понуди нови. Исто така се додава дека Соединетите држави на ваквите состаноци се обидувале да ја преземат улогата на, како што се наведува, главен и привилегиран играч. Руското министерство најави дека наместо тоа, Русија своето внимание ќе го фокусира врз соработката во рамките на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија.

XS
SM
MD
LG