Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: облачно и малку сончево


Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Долж Повардарието и во котлините ќе има услови за појава на магла која во текот на денов ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 14 до 18 степени. Во Скопје времето претпладне ќе има магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

XS
SM
MD
LG