Достапни линкови

logo-print

Хамас стои зад нападот на пешаци во Ерусалим


Радикалната исламистичка група Хамас ја презеде одговорноста за нападот со автомобил на пешаци во Ерусалим кој се случи денеска. Возачот со својот автомобил удрил во група израелски гранични полицајци и други луѓе, а потоа излегол од колата и почнал да ги удира луѓето со метална шипка. Пред да биде застрелан од полицијата тој убил еден граничен полицаец и повредил 12 луѓе.
Полицијата го нарече инцидентот терористички напад.
Пред две недели во таа област исто така маж удри во толпа луѓе, убивајќи една жена и нејзиното бебе .

XS
SM
MD
LG