Достапни линкови

Путин пак го победи Обама на листата на Форбс


Рускиот претседател Владимир Путин втора година по ред е прогласен за најмоќен светски лидер, пред неговиот американски колега Барак Обама, во изборот на американскиот магазин Форбс. На третото место е кинескиот претседател Си Џинпинг, четврти е Папата Франциск, а германската канцеларка Ангела Меркел е на петтото место. На листата за 2014 на најмоќни лидери има 72 луѓе, односно по еден човек на 100 милиони жители на планетата. Меѓу 12 нови на листата се и индискиот премиер Нарендра Моди на 15 место, како и лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади на 54 место. На листата има 26 Американци, додека 19 луѓе се од Азија, од кои шестмина Кинези. На истата од 72 луѓе има само девет жени. Покрај Меркел, таму е и шефицата на американските Федерални резерви Џенет Јелен.

XS
SM
MD
LG