Достапни линкови

logo-print

Пакистан - уапсени 40 лица за убиство на христијанска двојка


Полицијата во Пакистан уапси повеќе од 40 луѓе осомничени за убиство на христијанска двојка која наводно го сквернавела Куранот. Властите велат дека вчера група мажи ја претепале христијанската двојка до смрт, а потоа ги спалиле нивните тела. Ова е последниот од низата инциденти против припадници на малцинствата обвинети за богохулење. Властите велат дека наредиле полицијата да ги обезбедува соседствата во кои живеат христијани.

XS
SM
MD
LG