Достапни линкови

logo-print

Нема греење - нема настава


Основното училиште Јосип Броз Тито од Струга.

Основното училиште Јосип Броз Тито од Струга.

Во основно училиште „Јосип Броз“ во Струга и во подрачните паралелки на ова училиште во селата Враништа и Мислешево наставата денеска е во прекин, затоа што нема греење во училниците.

Учениците во Струга останаа дома и ја прекинаа наставата, затоа што во неколку основни училишта во градот нема нафта за огрев. Родителите се заканија дека нема да ги пуштаат децата на училиште се до решавање на проблемот.

Немаше нафта и немаше услови, а чекавме една недела. Свикавме состанок и донесовме едногласна одлука да се прекине со настава. Додека не дојде нафта нема да има настава. Во вакво време е недозволиво да нема греење.

„Немаше нафта и немаше услови, а чекавме една недела за решение на проблемот. Во денешно време е недозволиво да нема греење, но бараме решение бидејќи знаеме дека деновите ќе треба да се одработат, но решението од состанокот на советот на родители беше дека ќе прекинеме со настава со до набавка на нафта“, велат родители на ученици од основното училиште Јосип Броз Тито.

Јосип Броз Тито е најголемо училиште во Струга, а настава нема и во подрачните училишта во селата Мислешево и Враништа.

Тони Савески, директор на Основното училиште Јосип Броз Тито, рече дека се работи на решавање на проблемот и дека тоа наскоро ќе се случи.

Закасни малку тендерот бидејќи училиштата беа блокирани, не можеа сами да организираат тендер. Потоа ние веднаш стапивме на сцена и распишавме тендер.

​„Очекуваме нафта за централното училиште и за двете подрачни училишта. Ако издржевме уште еден ден ќе немаше прекин на наставата. Имавме совет на родители и родителите заклучија така и јас ги поддржав. Ако денес добиеме нафта од утре ќе се учи нормално секаде. Кој и да е не може да рече дека температури околу нулата дека се нормални. Стававме греалици по училниците и функциониравме нормално“, рече Савески.

Деновите во кои нема да се учи ќе бидат одработени за време на викендите, рече Савески.

Сурија Рушити раководител на секторот за образование во Општина Струга рече дека тендерот е завршен и оти деновиве ќе има нафта која ќе биде доволна за нормален тек на образовниот процес во градот до крајот на зимата.Тој рече дека немале никаква помош од државата.

„Закасни малку тендерот бидејќи училиштата беа блокирани, не можеа сами да организираат тендер. Потоа ние веднаш стапивме на сцена и распишавме тендер.

РСЕ: Имавте ли контакти со Министерство за образование, помогнаа ли?

„Тие се без слух за ситуацијата и тоа не е само ситуацијата во Струга. Министерството го има својот став. Дели некои дотации, но тие не се доволни за училиштата и затоа ние мора да крпиме“, рече Рушити за Радио Слободна Европа.

Во најголем дел од училиштата во Струга нема нафта па греењето се одвива на греалки и со скратени часови. Онаму каде греењето е на дрва исто така состојбата е лоша, освен во училиштето во селото Радожда каде се однесени седум кубици дрва.

Јован Митрески од СДСМ Струга вели дека срамно и жално е ова што се случува со Струга.

„Што да кажам? Да кажам дека денес во нашата Струга во 21 век главна вест е тоа дека дошле дрва за огрев во некое училиште или да кажам дека во некои основни училишта има прекин на наставата поради немање греење како да е тоа последица од некоја виша сила. Да плаќавме даноци во некоја друга земја подобро ќе се однесуваа со нас. Во другите општини во државата мислам дека се реагира преку државните резерви па тоа нека се направи и во Струга за да излеземе од овој проблем“, вели Митрески.

XS
SM
MD
LG