Достапни линкови

Русија тестираше Интерконтинентална балистичка ракета


Илустрација.

Илустрација.

Русија тестираше Интерконтинентална балистичка ракета Синева. Ракетата беше истрелана од подморница во Баренцовото Море како дел од тестовите за доверливост на стратешките сили на морнарицата. Руското Министерство за одбрана соопшти дека проектилот, кој може да носи нуклеарна боева глава, бил испукан од подморницата Тула кон Камчатка. Ракетата Синева, која има домет од околу 12 илјади километри, стана оперативна во 2007 година, како дел од напорите на Москва за засилување на нуклеарните капацитети. Ова тестирање беше второ лансирање на Интерконтинентална балистичка ракета од руска нуклеарна подморница во изминатата недела. Претседателот Владимир Путин ја нагласи важноста на нуклеарното одвраќање за време на кризата на Москва со Западот поради ситуацијата во Украина.

XS
SM
MD
LG