Достапни линкови

logo-print

Велика Британија и Ирак дискутирале за борбата против ИД


Британскиот секретар за одбрана Мајкл Фалон денеска разговараше со ирачките лидери за борбата против милитантите на Исламската држава за време на ненајавена посета на Багдад. Од канцеларијата на ирачкиот премиеr Хајдар Ал Абади соопштија дека премиерот рекол оти треба да се зголеми соработката со племиња и нивно учество во борбите против милитантите. Фалон по состанокот со министерот за одбрана на Ирак, изјави дека Велика Британија може да помогне за подобрување на безбедноста во Ирак. Велика Британија е вклучена во коалицијата која извршува воздушни напади против милитантите на ИД.

XS
SM
MD
LG