Достапни линкови

Борисов доби мандат за формирање Влада на Бугарија


Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова влада на лидерот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов, кој е номиниран за премиер од најголемата парламентарна група во Народното собрание. Според Уставот, кандидатот за премиер има рок од седум дена да предложи влада.

„Во текот на денешниот ден ќе знаеме дали сме во состојба да формираме влада, така што утре ќе знаеме дали ќе го вратиме мандатот или ќе предложиме кабинет“, изјави Борисов.

XS
SM
MD
LG