Достапни линкови

Новата стратегијата која СДСМ ја најави пред три месеци не стигнува до граѓани. Опозицијата повтори дека не се враќа во парламентот.

СДСМ почнува да дејствува согласно нова стратегија која се основа на четири столба. Ова беше објавено од лидерот на партијата Зоран Заев кон крајот на август. Тој тогаш набројуваше дека ќе работеле заедно со граѓаните и, како што рече, од тој момент секое министерство, орган, институција, на централно и на локално ниво ќе биле следени во секоја одлука, а лошите и штетни политики ќе биле коригирани со спротивставување на сериозна, квалитетна, реална и видлива алтернатива.

Дури и онаа стратегија од четири точки и од врата на врата воопшто не функционира и го нема никаде. Тие излегоа можеби со некои материјали кои си ги поделија меѓу себе и стојат, меѓутоа најголемиот дел од македонскиот народ, од населението, воопшто не знае кој е правецот на дејствување на опозицијата, не само на СДСМ.

Вчера, пак, по состанокот со колегите од опозицискиот блок, Заев потврди дека нема враќање во парламентот и најави дека од денеска почнуваат и со нови форми, трибини со граѓаните.

Во меѓувреме, дел аналитичари сметаат дека и она што досега беше најавено како стратегија не се спроведува доволно видливо. Според професор Никола Дујовски, опозицијата требало одамна да ја има подготвено стратегијата за вонпарламентарно делување.

„Дури и онаа стратегија од четири точки и од врата на врата воопшто не функционира и го нема никаде. Тие излегоа можеби со некои материјали кои си ги поделија меѓу себе и стојат, меѓутоа најголемиот дел од македонскиот народ, од населението, воопшто не знае кој е правецот на дејствување на опозицијата, не само на СДСМ. Сите други партии се некако безидејни и да не речам некако воопшто немаат правец на дејствување“, вели Дујовски.

Верувам дека и самите состаноци со граѓаните се дел од стратегијата, но обичниот граѓанин не може да биде стручњак па да ја идентификува таа стратегија преку најави, таа мора да се рефлектира преку активностите и да се кристализира како јасна цел, која би била различна од таа понуда која ние како граѓани во моментот ја имаме.

Аналитичарот Алберт Муслиу, пак, верува дека опозицијата ја спроведува веќе најавената стратегија, но, според него, во нејзиното дејствување недостигаат други работи.

„Верувам дека и самите состаноци со граѓаните се дел од стратегијата, но обичниот граѓанин не може да биде стручњак па да ја идентификува таа стратегија преку најави, таа мора да се рефлектира преку активностите и да се кристализира како јасна цел, која би била различна од таа понуда која ние како граѓани во моментот ја имаме“, вели Муслиу.

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ и избран пратеник кој не го прифати мандатот, пак, тврди дека тие ја сериозно работат во спроведувањето на најавеното.

„Стратегијата во целост од стана на СДСМ се имплементира и е во фаза на полна имплементација“, вели Шилегов кој тврди и дека од колегите засега нема отстапувања од претходната одлука за бојкот на собранието.

„Не станува збор за разногласие во смисла за непочитување на одлуката, станува збор за различни размислувања, меѓутоа ниту еден од пратениците ниту за момент не кажа или не изјави дека нема да ја почитува одлуката за бојкот на Собранието“, вели Шилегов.

Дебатите околу тоа дали има, дали се спроведува и каква е стратегијата на опозицијата во услови на бојкот периодов ја отворија и некои луѓе од нејзините редови. Пратеникот Маријанчо Николов рече дека се изморени од бојкотот и дека ќе му дале на раководството уште малку време да ги убеди во исправноста на стратегијата. Лидерот на ЛДП Андреј Жерновски, пак, инсистираше дека треба да се излезе со јасна, конкретна стратегија која ќе им покажела на граѓаните дека имаат концепт.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG