Достапни линкови

Ерменија се откажа од новиот закон за породилно


Ерменија се откажа од плановите за намалување на бенефитите за породилното отсуство, по протестите во земјата против кратење на правата. Според сегашниот закон надоместокот за породилно отсуство целосно одговараше на платите на жените, било да се вработени во јавни или во приватни субјекти.

Но Владата планираше да ја намали исплатата од 20 до 60 проценти, во зависност од тоа колку жената работела пред да остане бремена. Владата тоа го образложуваше со тоа дека тие пари ќе се даваат на невработени мајки. Планот на владата предизвика протести пред владата и парламентот.

XS
SM
MD
LG