Достапни линкови

Амнести го обвини Израел за воени злосторства во Газа


Организацијата за човекови права Амнести интернешнл го обвини Израел за воени злосторства сторени летото за време на војната во појасот Газа. Групата со седиште во Лондон, во извештајот објавен денеска наведува дека Израел покажал рамнодушност при нападите врз густо населените крајбрежни области.

„Израелските сили убија голем број палестински цивили во напади врз куќи полни со луѓе, што во некои случаи спаѓа во воени злосторства“, се вели во извештајот.

Израел во јули започна офанзива во Газа, како одговор на ракетните напади на Хамас врз израелски градови. Во конфликтот загинаа повеќе од 2.000 Палестинци, меѓу кои и многу цивили, како и 66 израелски војници и шест цивили. Израелското Министерство за надворешни работи ги отфрли заклучоците на извештајот, велејќи дека Организацијата ги игнорира документите за воени злосторства извршени од страна на Хамас.

XS
SM
MD
LG