Достапни линкови

САД: Иран и Пакистан го дестабилизираат Авганистан


Во најновиот извештај на Пентагон за безбедноста во Авганистан остро се критикуваат Пакистан и Иран за дестабилизирање на регионалната безбедност. Во извештајот се прецизира дека Пакистан продолжува да ги користи милитантите како свои сили во Авганистан со цел да го поврати влијанието во таа земја. Пентагон смета дека иранската Исламска револуционерна гарда им дава помош на талибаниците во нивниот обид да го забрзаат повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан. Иранската стратегија вклучува и програми за промоција на прошиитското чувство во Авганистан во вредност од милијарда долари.

XS
SM
MD
LG