Достапни линкови

САД: републиканците освоија мнозинство во Сенатот


Републиканците победија на изборите за американскиот сенат во најмалку седум клучни држави. Со тоа тие имаат доволно сенатори за да ја преземат контролата врз горниот дом на Конгресот од демократите. Републиканските кандидати победија во Монтана, Колорадо, Западна Вирџинија, Јужна Дакота, Арканзас, Ајова и Џорџија. Републиканците го задржаа нивното солидно мнозинство во Претставничкиот дом со што тие за прв пат од 2006 година ја имаат контролата врз двата дома на американскиот Конгрес. Вчера во Соединетите држави се гласаше за сите 435 членови на Претставничкиот дом, за 36 членови од стоте во Сенатот и за 36 од 50 гувернери на сојузните држави.

XS
SM
MD
LG