Достапни линкови

Во Косово се уште има големо количество нелегално оружје


Косовската полиција во првите шест месеци од годината регистрирала 587 случаи на нелегално поседување на оружје. Портпаролот на полицијата Баки Кељани изјави дека органите на редот веќе имаат долгорочен стратегиски план за собирање на нелегалното оружје.

Според Кељани во текот на летните месеци огненото оружје често се користи за разни празнувања и свадби. Полицијата има регистрирано 45 такви случаи, по 35 е покренато обвинение, а уапсени се 54 лица и запленети 50 парчиња оружје со различен калибар.

XS
SM
MD
LG