Достапни линкови

logo-print

Романија - Понта си одбра свој наследник


Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта денеска најави дека за свој наследник на премиерската функција ќе го предложи Калин Попеску Таричану. Тој додаде дека ако на 16 ноември биде избран за претседател на Романија, на премиерската функција ќе остане до 22 декември, кога истекува мандатот на актуелниот претседател Трајан Басеску. Понта освои најголем број гласови (40,44 отсто) на претседателските избори, што се одржаа во неделата. Кандидатот на опозициската Христијан-либерална унија Клаус Јоханис освои 30,37 проценти од гласовите.

XS
SM
MD
LG