Достапни линкови

Укринските власти го разгледуваат договорот со сепаратистите


Украинскиот претседател Петро Порошенко на почетокот на средбата со Советот за национална безбедност и Советот за одбрана рече дека ќе разгледуваат укинување на законот со кој се дозволуваше лимитирана автономија на двата сепаратистички региони во источна Украина. Законот беше донесен во согласност со мировниот договор.

Порошенко се среќава со шефовите за безбедност на два дена откако во источна Украина се одржаа избори. Според укрианските власти изборите во источниот дел од земјата се грубо прекршување на договорот за прекин на огнот од 5 септември.

XS
SM
MD
LG