Достапни линкови

ЕУ очекува побавен економски раст во еврозоната


Од ЕУ соопштуваат дека има побавен економски раст во еврозоната отколку што претходно се очекувало за оваа и за следната година. Европската комисија денеска соопшти дека очекува економскиот раст за оваа гoдина за биде 0,8 отсто, што е намалување од претходнoто предвидување дека растот ќе биде 1,2 отсто.

Комисијата сега за следната година предвиде раст од 1,1 отсто, а претходно предвидуваше 1,7 отсто, а за 2016 се очекува раст од 1, 7 проценти.
Очекувањата за намален раст се поради тоа што Франција и Италија остануваат огромен проблеми за слабата европска економија.

Се предвидува економскиот раст на Франција да изнесува 0,3, а претходно се предидуваше 1,0 отсто раст. А Италија останува во рецесија и оваа година, што е трета година по ред.

XS
SM
MD
LG