Достапни линкови

logo-print

Повторна обдукција на телото на Дениса Маркоска


Дениса Маркоска.

Дениса Маркоска.

Министерството за здравство денеска соопшти дека ќе биде извршена реобдукција на телото на Дениса Маркоска во Институтот за судска медицина во Скопје. Одлуката е донесена согласно член 275 од Законот за здравствена заштита и за тоа е известено нејзиното семејство, кое инсистираше обдукциската постапка да се повтори во Македонија.

Јавното обвинителство вчера се огласи за ненадлежно, односно појасни дека кога не поведува постапка нема надлежност, ниту овластување да дава наредби за ДНК анализа или за реобдукција.

„Сметаме дека не постои пречка по барање на семејството на починатата, надлежна институција да изврши ДНК анализа или реобдукција“, соопшти обвинителството, кое појаснува дека за смртта на Маркоска надлежно е грчкото обвинителство.

Таткото на Дениса, Киро Марковски, потврди дека ги добиле резултатите од анализата направена во Грција, но не и официјален документ за смртта на нивната ќерка. Најблиските се сомневаат во истрагата на грчките органи и затоа бараат нова обдукција во Македонија.

Дениса Маркоска исчезна ноќта меѓу 12 и 13 септември од бродот „Серенисима“ каде работеше. Потрагата по неа траеше неколку недели, а на почетокот на октомври во близина на островот Карпатос беше пронајдено нејзиното мртво тело. Причините за смртта засега остануваат мистерија.

XS
SM
MD
LG