Достапни линкови

Антидепресивите одат како алва


Фондот за здравствено осигурување на Македонија забележал енормнo зголемена употреба на лекови за намалување на напнатоста, вознемиреноста, нарушеното спиење, страв, депресија, нервоза и други стресни состојби. Според анализите на Фондот, потрошувачката антидепресиви во 2013 се зголемил за 30 отсто во однос на 2010 година. Тука влегуваат лековите што се издаваат само на товар на Фондот, оние што се купени со приватни рецепти и што се користат при болничкото лекување не влегуваат во анализата, што значи дека потрошувачката е уште поголема.

Најголема потрошувачка на диазепам и апаурин е забележано во Берово и Неготино, лексилиум и бромазепам во Битола, хелекс во Кичево, а санвал во Виница.

XS
SM
MD
LG