Достапни линкови

Погубен осуденик во Белорусија


Властите во Белорусија погубиле осуденик. Белорусија е единствената земја во Европа каде се применува смртната казна. Погубениот човек бил осуден за убиство минатата година. Од центарот Вјасна, нерегистрирано здружени за човекови права во Минск денеска соопштија дека е погубен Александар Хруноу, кој бил осуден затоа што до смрт избодел жена во 2012. Од Центарот соопштуваат дека мајката на осуденикот по пошта ги добила предметите на нејзиниот син. Белорусија погуби уште двајца други осуденици оваа година. Според Вјасна во периодот 2010-2012 во Белорусија биле погубени 5 луѓе, а останува уште еден осуден на смрт.

XS
SM
MD
LG