Достапни линкови

Бан Ки-мун: Изборите во источна Украина контрапродуктивни


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги критикуваше изборите во сепратистичките региони во источна Укриана. Тој вели дека изборите биле несреќни и контрапродуктивни за развојот. Зборувајќи во Виена во седиштето на ОБСЕ , тој денеска исто така повика сите страни да се посветат на целосно исполнување на мировниот договор кој беше конструиран за да се донесе мир во Украина. Според него ситуацијата во земјата се уште предизивикува длабока загриженост.

XS
SM
MD
LG