Достапни линкови

ФЗОМ: Осигурениците бараат побрза исплата на надоместоците


Проектот „Побрза исплата на надоместоци“ е на барање на осигурениците, кои се на боледување или породилно отсуство, кои сакаат надоместокот да го добијат во исто време со платата на останатите нивни колеги. Со него ќе се овозможи навремено исплаќање на надоместокот и подобрување на правото на осигурениците, изјави директорката на Фондот Маја Парнарџиева-Змејкова отфрлајќи ги шпекулациите дека надоместокот за плата ќе биде на товар на фирмите.

Според Парнарџиева - Змејкова во владина процедура се три варијанти за реализација за проектот „Побрза исплата на надоместоците“, меѓу кои словенечкиот модел, модифициран согласно нашите состојби и административно и законско решение со кое не се менува системот на исплати, туку се забрзува исплатата.

Таа вели дека засега нема никакви законски измени, единствено како новина која треба да почне од 1 јануари идната година е породилното боледување да го отвора здравствената установа.

XS
SM
MD
LG