Достапни линкови

Франција - потребна е помош на бунтовниците во Алепо


Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус.

Франција повика меѓународната коалиција која се бори против милитантите на Исламската држава исто така да им помогне и на сириските бунтовници во Алепо кои се борат против сирискиот режим. Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус објави коментар во кој вели дека со поразот на бунтовниците во Алепо може да завршат надежите за политичко решение на тригодишната војна во Сирија. Неговиот коментар кој излезе во три влијателни светски весници, доаѓа на два дена откако тускиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд. Официјална Анкара вели дека целта на меѓународната коалиција треба да биде и отстранување на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој според Турција е коренот на хаосот во Сирија. Засега меѓународната коалиција е фокусирана на напади врз милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG