Достапни линкови

Порошенко ќе го преиспитува мировниот договор со сепаратистите


Претседателот на Украина Петро Порошенко ќе се сретене со безбедносните власти во земјата, за да разговараат за преиспитување на мировниот договор со сепаратистите, два дена откако во источна Укриана се одржаа избори, за кои укринските власти сметаат дека се нелегитимни.

Порошенко попладнево се среќава со Националниот Совет за безбедност и со Советот за одбрана. Тој вели дека на средбата ќе се разгледува „укинувањето“ на законот со кој им се доделуваше ограничена автономија на двете сепаратистички области во источна Украина. Претседателот вчера рече дека изборите во тој дел се грубо прекршување на мировниот договор од 5 септември. Изборите во сепаратистичките региони, наидоа на осуда и од САД и ЕУ, а Русија вели дека ќе ја почитува волјата на народот.

XS
SM
MD
LG