Достапни линкови

Избори за американскиот Конгрес


екс претседателот на САД Бил Клинтон на митинг на демократите во Кентаки

екс претседателот на САД Бил Клинтон на митинг на демократите во Кентаки

Во Соединетите држави се одржуваат избори на кои се гласа за сите 435 места во Претставничкиот дом и за 36 сенатори. Аналитичарите очекуваат републиканците да го задржат или дури да го зголемат нивното солидно мнозинство во Претставничкиот дом. Сепак, најмногу внимание предизвикуваат изборите за Сенатот. Републиканците се надеваат дека ќе успеат да ја преземат контролата од демократите. За да го постигнат тоа треба да добијат уште шест места во 100 члениот Сенат. Според анкетите, трката меѓу двете партии била нерешена. Доколку републиканците ја добијат контролата и во двата дома на Конгресот, според аналитичарите, тоа би го принудила претседателот Барак Обама да ги смени приоритетите на неговата политика и да направи некои персонални измени и тоа во последните две години од неговиот втор и конечен мандат.

XS
SM
MD
LG